Ученици од Гимназијата на едукативен семнинар во организација на Парламентарниот институт на Собранието на РМ

На покана на Парламентарниот институт кој е посебна организациона единица во службата на Собранието на Република Македонија кој функционира како ценатар за истражување, едукација и информирање, воспоставен на принципите на непристрансот, достапност и кредибилитет, на ден 18.11.2016 год., ученици од ОСУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид учествуваа на едукативен семинар „Демократијата и Собранието“. На семинарот на почетокот низ теоретски предавања и практични вежби учениците ги утврдуваа и прошируваа своите знаења за парламентарната демократија и нејзиниот историски развој во Македонија, за работата на Сборанието, изборот на народните претставници, донесувањето на законите и сл. По завршувањето на првиот дел од семинарот, учениците имаа можност одблиску да го запознааат просторот во кој работи Собраниетот на РМ, преку организирана обиколка на најрепрезентативните простории. На сите ученици кои бела дел од семинарот преку организирана групна средба име беа доделени сертификати за учество.