Одбележан Меѓународниот ден без автомобили

Во рамките на Европската недела на мобилност која се оваа година се одржува во периодот од 16 до 22 септември, Општинското средно училиште „Св.Климент Охридски“ – Охрид зеде учество во рамките на активности кои во организација на општина Охрид се реализираа на Меѓународниот ден без автомобили. Со учество во велосипедскиот круг, ученици и професори од гимназијата дадоа свој допринос во подигнувањето на свеста кај граѓаните за заштитата на животната средина и промоцијата на здравите животни навики.