Презентација на проектот за меѓуетничка интеграција

Во Основното училиште „ Живко Чинго“ во село Велгошти, денес се одржа отворен ден, во рамки на Деновите на меѓуетничка интеграција, што заеднички ги реализира Општина Охрид со основните, средните училишта и тимот на УСАИД за меѓуетничка интеграција.

Во рамките на манифестацијата,  презентација на досегашните активности имаше и ОСУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид со партнерското училиште СОУ „Д-р Ибрахим Темо“ – Струга. Презентацијата ја извршија ученичките Марија Лазареска и Бисера Николоска. Во рамките на културно-уемтничкиот дел од програмата свој настап имаше хорот при ОСУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид.