Светски ден без автомобили

Охридските гимназијалци зедоа масовно учество во одбележувањето на Светскиот ден без автомобили, посветен на заштитата на животната средина и подигнување на свеста кај младите, во организација на Секторот за заштита на животната средина и ушравување со отпад при општина  Охрид, како и Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот.

Масовното учество на гимназијалците покажува дека возењето велоспид за нив претставува задоволство.