Интерен оглас за запишување на ученици во I година во учебната 2018/2019 год.

Врз основа на член 42 од Законот за средно образование и Конкурсот за запишување на ученици во јавните средни училишта во учебната 2018/2019 година од Министерот за образование на Република Македонија, Училишната комисија за запишување на ученици во Општинското средно училиште “Св.Климент Охридски” – Охрид, распишува

И Н Т Е Р Е Н  О Г Л А С
за спроведување на Конкурсот за запишување
ученци во I година во учебната 2018/2019 година

I. БРОЈ НА УЧЕНИЧКИ МЕСТА ПО ВИД НА ОБРАЗОВАНИЕ
Во I година во првиот уписен рок во ОСУ”Св.Климент Охридски” – Охрид ќе се запишат 272 ученици во 8 паралелки со настава на македонски јазик според наставните планови и програми за
– гимназиско образование – 272 ученици, 8 паралелки, 60 миниумум поени
• јазично-уметничко подрачје (комбинација А)
• јазично-уметничко подрачје (комбинација Б)
• општествено-хуманистичко подрачје (комбинација А)
• општествено-хуманистичко подрачје (комбинација Б)
• природно-математичко подрачје (комбинација А)
• природно-математичко подрачје (комбинација Б)

II. УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ
Услови за запишување на учениците се:
– да имаат завршено основно образование;
– да не се постари од 17 години
– да се определиле за план и програма за гимназиско образование
– да ги исполнуваат критериумите утврдени со овој оглас

III. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ
– пријава за запишување (пријавата за запишување ученикот ја подигнува од училиштето и истата е бесплатна);
– оригинални сведителства од VI до IX одделение;
– дипломи (доколку имаат) од освоени (I, II и III) места од меѓународни и републички натпревари од предметите што се од значење за подрачјето;
– извод од матичната книга на родните(без оглед на датумот на издавање).

Учениците кои го завршиле основното образование или дел од него во странство треба да достават нострифицирани документи.
Учениците кои се запишуваат за вториот странски јазик се определуваат помеѓу францускиот, германскиот и италијанскиот јазик, а првиот странски јазик е англискиот јазик.

IV. КОНКУРСНИ РОКОВИ
Пријавувањето во јунскиот уписен рок ќе се врши на 18 и 19 јуни 2018 година , а резултатите од запишаните и слободните места ќе бидат објавени на 20 јуни 2018 година.

Пријавувањето треба да се врши лично од ученикот или родителот, односно старателот.

V. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР
Критериуми за избор на ученици се:
– среден успех на ученикот од VI до IX одделение. По овој критериум ученикот може да добие најмногу 50 поени.
– среден успех на ученикот постинат по четири предмети од значење за подрачјето. По овој критериум ученикот може да добие најмногу 20 поени.
• јазично-уметничко А и Б, општествено-хуманистичко А и Б (мајчин јазик, странски јазик, математика, историја)
• природно-математичко А (мајчин јазик, странски јазик, математика, физика)
• природно-математичко Б (мајчин јазик, странски јазик, математика, биологија)
– дипломи од освоени (I, II и III) места од меѓународни и републички натпревари од предметите што се од значење за подрачјето. По овој критериум ученикот може да добие најмногу 5 поени.
– средена вредност на поени добиени за поведение. По овој критериум ученикот може да добие најмногу 5 поени.
Ученикот по сите критериуми утврдени со овој оглас може да добие најмногу 80 поени. За да се запишат учениците во ОСУ “Св.Климент Охридски ” – Охрид треба да има освоено по сите критериуми најмалку 60 поени .

Учениците од ромската етничка заедница можат да се запишат во средното училиште ако имаат до 10% помалку поени од бројот на поените предвидени согласно огласот.

НАПОМЕНА:
Учениците кои нема да бидат примени, треба лично да ги подигнат документите, во рок од 48 часа објавувањето на ранг листата. Доколку документите не ги подигнат кандидатите Училиштето истите ги враќа по пошта препорачано.

10.05.2018 год.                                                                                    Училишна комисија за запишување   Охрид                                                                                                                                                    на ученици
Претседател,
Весна Цветкоска