ЈАВЕН ОГЛАС – ПОКАНА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ

Врз основа на член 19 од Правилникот за начинот на изведување на училишните екскурзии на учениците од средните училишта, Комисијата за спроведување на постапката за екскурзија со учениците од III год. при ОСУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид, објавува

ЈАВЕН ОГЛАС – ПОКАНА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ

 

  1. Договорен орган

назив: Општинско средно училиште „Св.Климент Охридски“ – Охрид

адреса: ул.Димитар Влахов бр.71, 6000 Охрид

интернет адреса: http://gimnazijaohrid.edu.mk/

контакт: тел.046 262217 е-пошта svklimentohridski@yahoo.com

  1. Oпис на услугата

– Екскурзија со учениците од III година во учебната 2019/2020 год. во Чешка со посета на Будимпешта, Прага, Дрезден и Виена во периодот последна седмица од мај – прва седмица од јуни.

  1. Минималните услови кои треба да ги исполни понудувачот и документите кои треба да ги достави како доказ за исполнување на условите се наведени во тендерската документација составен дел на овој оглас, која може да се подигне лично кај секретарот на училиштето или да се преземе ТУКА
  2. Критериум за избор на најповолна понуда е најниската цена.
  3. Рок, место и начин на доставување на понудите

            Понудата и целокупната придружна документација се доставува до ОСУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид ул.Димитар Влахов бр.71, 6000 Охрид во одвоени затворени пликови со назнака „Понуда по јавен оглас за екскурзија со учениците од III година“ и забелешка „не отварај“, во рок од 5 (пет) работни дена од денот на објавување на огласот.

          ОСУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид