Барање за прибирање понуди за изработка на фотографии, табло, алманах и футроли за дипломи

ПРЕДМЕТ: Барање за прибирање понуди

1. Поднесувач на барањето е ОСУ”Св.Климент Охридски” – Охрид. со адреса ул.Димитар Влахов бр.71

2. Предмет на барањето: изработка на фотографии, изложбено табло, алманах и футроли за дипломи за учениците од завршните класови во учебната 2019/2020 год.
Понудата треба да содржи:
а) Цена по ученик за:
– Фотографии: 4 фотографии 6х9 цм.(една е за таблото) и 4 фотографии со големина 13х18 цм., изработени во колор техника;
– футрола (папка) за диплома;
– алманах од Генерацијата 2019/2020 во црно бела штампа и корица во колор(на предната или задната страна да е обавезно Гимназиската зграда);
– изработка на голема изложбено табло(со димензија зависно од бројот на учениците во генерацијата) и урамување на истото кое останува во сопственост на Училиштето;
б) Услови кој треба да ги исполнува фирмата-понудувач(не
занаетчиска фирма):
– ИЗВОД од регистрација на дејност(ИСКЛУЧИВО фотографска) и тековна состојба НЕ ПОСТАРА од 3 месеци;
– претходно изработени фотографии и алманах(од фирмата понудувач) за оценување на квалитетот;
– уверение за познавање или завршен курс за дигитална фотографија на понудувачот(НЕ за занаетчија-фотограф);
– изјава од понудувачот дека фотографирањето ќе се изведе во струдио со посебен простор за пресоблекување на учениците и тоалет;
– изјава дека понудувачот ќе ја заврши работата во рок кој ќе го договори со Матурантите и нивните обврски;
в) НАПОМЕНА:
– алманахот и папката да бидат во исти дезен и боја.

3. Понудите да се достават во писмена форма на адреса ул.Димитар Влахов бр.71, или преку е-маил на svklimentohridski@yahoo.com , со тоа што мора да бидат потврдени со писмо пред истекот на времето за доставување на понудите.

4. Понудите да се достават во рок од 3 дена

5. Критериуми за избор на најповолна понуда:
– најповолна цена(само за тоа што се бара во понудата).

6. За извршениот избор на најповолна понуда, понудувачите ќе бидат известени во рок од три дена од денот на изборот.

7. Плаќањето за извршената услуга ќе се врши врз основа на склучен договор, пред извршување на услугата(фотографирањето), со уплата од страна на учениците ИСКЛУЧИВО на каса од Понудувачот кој се обврзува уредно да издаде ФИСКАЛНА СМЕТКА (како би се избегнале додатни провизии кон Матурантите при уплата во банка, на жиро сметката на Понудувачот.

Комисија од родители на учениците
од завршната година при
ОСУ”Св.Климент Охридски” – Охрид