Охридската гимназија во чест на својот патрон – Свети Климент Охридски

Активностите околу одбележувањето на Патрониот празник на училиштето – Свети Климент Охридски започнаа на 03.12 со одржување на отворени часови по хемија и физика.

На oтворениот час по физика учество зедоа неколку   ученици од прва и трета година. Овие ученици под менторство на своите професори по физика изведоа и објаснија голем број на експерименти, а притоа покажувајќи добра теоретска подготовка и знаење. На мошне интересен и забавен начин, пред бројната публика учениците го објаснуваа постоењето на Амперовата и Лоренцовата сила, потоа физичката величина притисок, појавата на површински напон кај течностите како и појавата на дисперзија на светлината, а голем интерес кај публиката предизвика  и експериментот со кој учениците ја објаснуваа појавата на тотална рефлексија на светлината.

Подетално за самиот настан во извештајот кој може да го видите ТУКА .

Истиот ден беше одржан отворен час по хемија на кој учениците изведуваа експерименти под менторство на проф.Јасминка Иваноска.

Следниот ден, 04.12 во организација на Активот по математика и информатика беше реализиран отворен час во форма на on-linе квиз на кој за учениците од завршните години го измерија своето знаење во областа на математика и информатика. На квизот учествуваа  52 ученици. На трите прворангирани ученици беа доделени пригодни награди. Прворангиран беше ученикот Давид Цветкоски од класот IV-4, второрангиран ученикот Ристе Андоновски од класот III-5 и треторангиран ученикот Даниел Пазаркоски од класот III-8.

Подетално за одржаниот квиз во извештајот кој може да го видите ТУКА .

Отворени часови по географија и биологија се реализираа на 05.12. На отворениот час по географија е претставен експериментот „Како се формирале денешните патни правци „Буково“ и „Ѓавато“ со кој Анамари Крстеска, ученичка одIII7, учествуваше на манифестацијата „Ноември-месец на науката“ кој се одржа на 30 ноември во Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Извештајот за настанот може да го видите  ТУКА .

На отворениот час по биологија учениците се претставија со следните експерименти:

  • Претставување со моделот на циркулаторен систем со кој освоивме второ место на Меѓународниот натпревар “Ноември-месец на науката 2019”.
  • Претставување на модел на животинска клетка изработен од торта.
  • Одредување на крвни групи-експеримент со кој освоивме прво место на на Меѓународниот натпревар “Ноември-месец на науката 2019”.

Подетлано за отворениот час по биологија ТУКА .

На 06.12 во спортската сала на училиштето  со почеток од  10.00 часот, од страна на учениците и вработените при ОСУ Св.Климент Охридски  организиран беше хуманитарен саем “ Дарувај од срце”. На настанот учествуваа повеќе активи со различни производи и изработки.

Активот по странски јазици заедно со учениците  учествуваа со подготовка на храна и пиjалоци, а Активот по хемија и бизнис заедно со учениците учествуваа со подготовка на храна и природни сапуни.

Активот по ликовна уметност заедно со учениците учествуваа со подготовка на новогодишни  украси и ракотворби, додека Активот по билогија заедно со учениците учествуваа со подготовка на букети направени од овошје.

Од продажбата на подготвените производи и изработки се собраа повеќе од 44.000 денари кои ќе бидат донирани за лекување на нашиот сограѓанин Тачо. Храната која не беше продадена беше донирана во геријатриското одделение во ЈЗУ Општа Болница, Охрид. Подетално за настанот можете да видите во извештајот ТУКА .

Централната активност во рамките на програмата за одбележување на Патрониот празник се одржа на 07.12. во Ценатарот за култура „Григор Прличев“.

Со почеток во 19 часот во Галеријата на Центарот за култура беше отворена изложба на ликовни творби на ученици од ОСУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид под менторство на проф. Катерина Слатиноска.

Настанот беше искористен и за три други промоции:

– Доделување на награди од училишниот конкурс за најубави литературни, ликовни и музички творби

I и III награда за литературни творби – Мила Коруноска
II награда за литературни творби – Михаил Жупан
I  награда за ликовни творби – Симона Бошковска и Илина Василеска
II  награда за ликовни творби – Елеонора Брдароска и Викторија Печијареска
III награда за ликовни творби – Ангела Србиноска
I  награда за музички творби – Мартин Петровски, Јонатан Милески и Петар Симоноски
II  награда за музички творби -Огнен Секулоски и Теодор Тасевски

– Промоција на училишното списание „Јужен Бран“ – уредник проф.Светлана Голабоска

– Промоција на Сертификатот за квалитет IASS 2019:2021 со кој се стекна нашето училиште

Со почеток во 20 часот во заедничка организација на Општина Охрид и ОСУ„Св.Климент Охридски“ се одржа Свечена академија во чест на Патронот на градот и училиштето – Свети Климент Охридски чиј уметнички дел беше реализиран од страна на хорот, оркестарот и рецитаторската секција на училиштето под менторство на нашите професори.

Видеото од Свечената академија можете да го проследите на долниот линк