Соопштение за прекин на воспитно-образовниот процес во училиштето

Согласно Одлуката на Владата на Република Северна Македонија донесена на 15-та седница одржана на 10.03.2020 год. се прекинува воспитно-образовниот процес и наставата во сите училишта во државата, вклучително и во ОСУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид во наредните 14 дена.

Доколку во наредниот период има промени во однос на реализацијата на наставата, родителите, учениците и јавноста дополнително ќе бидат информирани преку соопштение на веб страната и facebook профилот на училиштето, како и во контакт со раководството на училиштето и класните раководители.

Директор,

Весна Цветкоска