Обраќање до матурантите од генерацијата 2020

Драги матуранти денес го завршувате своето гимназиско образование во невообичаени услови.
Несомнено е дека вашата генерација матуранти, поради повеќе причини, е посебна.
Вие сте генерација која секогаш била ставена пред тест составен од разни животни   предизвици со огромна важност и секогаш сте излегувале како победници.
Затоа немам никаква дилема и сомнеж кога велам дека ќе прераснете во зрели личности со здрава свест и големо животно искуство, дека ќе ги надминувате сите пречки што ќе ви престојат на патот.
Вие ќе донесете едно ново и подобро утре за нашето општество и од овие посебни моменти ќе ја испишете вашата животна приказна.
Верувам дека сите сте горди како мене што сте биле ученици на ова училиште.

Изградете ја вашата иднина така како што вие сакате, бидејќи алатот за градење е во вашето знаење и вашата способност и понатаму да учите.