250 години од раѓањето на Бетовен

Лудвиг ван Бетовен е еден од најпознатите композитори. Тој е роден е во декември 1770 година и оваа година се навршуваат 250 години од неговото раѓање.

Бетовен е еден од најпознатите композитори од класицизмот и раниот романтизам. Роден е во Бон ( денеска Северна Германија) во фамилија со холандско потекло (ван во презимето), а живеел и кариера направил во Виена. Стекнал голема слава за време на животот и имал величенствен погреб на кој „цела“ Виена присуствувала. Полека почнал да го губи слухот (на 30) и целосно го изгубил (на 46). Последните десет години живвел целосно глув, но не престанал да компонира. Всушност некои од неговите најдобри дела се компонирани тогаш. Умрел во 1827 на 56 годишна возраст. Бетовен не се оженил и немал свои деца. Го посвоил синот на неговиот покоен брат. Познат бил по својот незгоден и нервозен карактер кој често му пречел (покрај глувоста) во социјалните контакти.

Творештвото му е големо и се состои од два дела. Лесни и едноставни композиции кои Бетовен ги компонирал за издавачите. Тие се печателе и се продавале во продавниците и  пред се имаат комерцијален карактер. Тоа се претежно песни, варијации, багатели (најпозната е багателата„За Елиза“). Другиот дел му се дела со голема уметничка вредност на кои тој им посветувал големо внимание и многу време. Главна карактеристика на овие дела им е драматиката и длабоката смисла. Ги компонирал долго и размислувал за секој тон.  Еве некои од неговите најзначајни дела: опера „Фиделио“, 32 сонати за клавир, 5 концерти за клавир, Свечена миса, 9 симфонии. . .

м-р Александар Димоски

наставник по музичка уметност

Бетовен сум јас славен
во уметноста ми нема равен.
Напишав бројни дела
не само за господата во одела

Животниот пат ме донесе во Виена
градот во кој славата беше скриена.
Десет години живеев без слух,
но тоа не го запре мојот музички дух.

Виена ми беше наклонета сета
цел свет ја виде на погребот поклонета.
Мојата слава тогаш тргна кон самиот врв
За многумина до ден -денес Бетовен е прв.

Стефан Паункоски I8 (Мај 2020)

Бетовен сум јас,
Роден сум во Бон,
каде почна мојот музички сон.

Бев композитор славен,
Во концертните сали главен.

Имав карактер чуден,
Но творечки ум буден,

Зад себе оставив многу дела
Симфонии, варијации, багатели,
Од кои сите останаа восхитени цели.

Со драматичност и длабока смисла
за секој тон размислував
внимателно  „Фиделио“, сонатите и концертите
и 9-те симфонии ги осмислував.

Го изгубив својот слух,
Но не згасна мојот творечки дух.
А кога чукна последниот час,
Од почит кон моите дела,
Ме испрати Виена цела.

Игор Русески I-8(Мај 2020)

Лудвиг ван Бетовен сум јас,
познат по својата музичка страст.
Еден од најпознатите композитори во класицизам
и во раниот романтизам

Роден сум во Бон
уште од мал музиката ми беше сон.
Десет години живеев глув,
но творев врвна музика и без мојот слух.
Моето творештво се состои од два дела,
без кои музиката не е цела.

Антонио Бојаџиевски I-3(Мај 2020)

Сте чуле ли  за Бетовен, тој  цар
на музичко поле правел дар мар.
Се родил во Бон, живеел во Виена,
за него знаела целата светска сцена.

Компонирал варијации, багатели, песни,
за слушање, на луѓето им биле лесни.
Најпозната му била „За Елиза“,
со неа тој стекнал голема слава.

Но полека го губи својот слух,
На 46-тата останува глув.
Тоа не го спречи композиции да твори,
за славата негова насекаде да ори.

Операта „Фиделио“, миси и кантати,
9-те синфонии ,концерти и сонати.
Музиката на Бетовен секој ја слуша,
за сечие уво се и мелем се за душа.

Дали сте чуле за Бетовен, тој  цар
со музиката негова правел дар мар.
На погребот негов, цела Виена била
музиката негова на сите им била мила.

Ѓорѓи Чинго I-6(Мај 2020)

Јас сум Бетовен, композитор славен,
со своите симфонии во класицизмот главен.

Првите музички лекции ги добив од својот  татко
по што започнав композиции да творам за кратко.

Се преселив во Виена – град по моја мера
и таму почнав да градам успешна кариера.

Последните десет години бев целосно глув,
ја компонирав 9-тата симфонија без мојот слух.

Музиката ме одржуваше во живот
а на другите им го одземаше здивот.

Мојата музика насекаде може да се слушне,
ме ценат и почитуваат многу луѓе.

Катерина Маневска I-3(Мај 2020)

Моето родно место е Бон,
композитор да станам беше мој сон.
Виена беше место,
на кое компонирав често.

Најголема слава стекнав,
откако во рајот летнав.
Моите девет  симфонии ме направија славен,
на класицизмот  станав белег главен.

Слухот беше моја најслаба страна
и ми отвори неизлечива рана.
Животот сам го поминав цел,
тоа од мојата биографија е голем дел.

Филип Попоски I-8(Мај 2020)