Празнична честитка за Свети Никола

Во услови на пандемија и опасност од групни собири, на овој, малку поинаков начин, преку 9 портрети на познати личности од светот и кај нас кои го носеле или го носат ово име, сакаме да му оддадеме почит на хуманистот за кого се верува дека подоцна послужил за ликот на Дедо Мраз. Преку интегрирање на наставните содржини во афирмација на културното наследство потсетуваме на познатите ликови, некои од нив подзаборавени, и откриваме некои нови за дел од јавноста.

Сите заедно да придонесеме за подигнување на празничната атмосфера (во море на корона вести) наоколу !  Да се сплотиме во празничниот дух и создадеме стимулативна атмосфера за живот, работа и нови, големи дела на некои идни генерации, да инспирираме некои нови „Николи“…

Можеби, во оваа прилика изоставивме некој Никола ненамерно. Нека тоа биде поттик да творат понатаму !

Честитка до сите Николи, Николини, Нини  и сите оние кои го слават !

 

Ние се забавувавме снимајќи, грешевме и учевме низ процесот…

Вашите гимназијалци.