Гимназијата домаќин на гости од Србија и Словенија во рамките на Еразмус плус проектот Спортот и уметноста ја лечат душата

Во периодот од 27 до 31 март Охридската гимназија беше домаќин на гости од Гимназијата Младеновац, Србија и гимназијата Франц Миклошиќ од Љутомер, Словенија во рамките на Еразмус плус проектот Спортот и уметноста ја лечат душата. Учениците и професорите учествуваа на работилници за ментално здравје, твореа ликовни творби, рецитираа и правеа свеќи. Се запознаа со убавините на Охрид, Св. Наум, Струга, Вевчани и Скопје. Го посетија Музејот на современа уметност, Спомен куќата на мајка Тереза, Струшките вечери на поезијата, имаа можност да пробаат традиционални јадења и да заиграат оро. Еразмус проектите се неверојатна можност за отварање нови видици и за учениците и за професорите. Видео од настанот можете да видите на следниов линк