Конкурс по повод Патрониот празник на Училиштето

СООПШТЕНИЕ

По повод 8-ми Декември – Патрониот празник на Училиштето, Комисијата за прослави и свечености при ОСУ”Св.Климент Охридски” – Охрид, распишува

КОНКУРС
за најубави литературни, ликовни и музички творби

Литературните творби (проза и поезија), ликовните творби и музичките творби се на слободна тема.
Литературните творби треба да се печатени, а не во ракопис, потпишани со шифра.
Музичките творби треба да бидат снимени на ЦД и заедно со текстот да се достават во коверт. На ковертот да се назначи шифрата.
Сите учесници во посебен коверт на кој ќе биде назначена шифрата, да ги достават личните податоци.

Творбите се предаваат кај педагогот на Училиштето најдоцна до 25.11.2016 год.

Комисијата за најубавите литературни, ликовни и музички творби ќе додели награди во предметен облик во парична противредност  за
–    прва награда    до 3.000 денари
–    втора награда    до 2.000 денари
–    трета награда     до 1.000 денари

09.11.2016 год.,                                                                                                   Претседател на Комисијата,
Охрид                                                                                                                               Светлана Велкоски