Учениците и вработените во ОСУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид и оваа година зедоа учество во традиционалната акција на пошумување „Ден на дрвото – Засади ја својата иднина“. Акцијата беше реализирана на две локации: едната во дворот на училиштето, а другата на локацијата Мауцкер каде со организран превоз од страна на Локалната самоуправа Охрид беа засадени садници обезбедени од ЈП Македонски шуми.