Поетско читање на индискиот поет Шудеп Сен во Охридската гимназија

На 5 септември 2016 година индискиот поет учесник на Струшки Вечери на Поезијата, Шудип Сен, одржа поетско читање со пригодна дискусија на ученици од трета и четврта година од ОСУ „Св. Климент Охридски“. Координатори на средбата беа проф. Даниела Спироска и Ана Топенчарова Коваческа.

Пред самата средба со учениците, поетот беше поканет на прием кај директорот на училиштето, г-дин Звонки Трпески, кој му посака добредојде и му отстапи простор за поетското читање.

На средбата со г-дин Сен присуствуваа по пет ученици од секој клас од трета и четврта година, а истата се одржа во училишната библиотека. Секој ученик беше запознаен со достигнувањата и успесите на поетот, како и дел од неговото творештво преку примероци од неговата поезија. Покрај читањето на поезијата на англиски и македонски јазик, учениците имаа можност да продискутираат за значењето на поезијата како уметност во Македонија, Индија и во светот, а поетот изрази големо воодушевување за нивните познавања и интерес за читање и пишување на поезија.

Средбата заврши со отворена дискусија за идна соработка помеѓу поетот и поедини ученици кои творат, а сакаат да го споделат напишаното со г-дин Сен.