На 24.02.2017 год. ученици од ОСУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид и СОСУ„Св.Кирил и Методиј“ – Охрид под менторство на проф. Горан Попоска беа во работна посета на Народната банка на Република Македонија каде присуствуваа на предавање на тема „Пари, банки, штедилници и монетарна политика“ од страна на Христина Николоска вице гувернер на Народната банка на РМ: Во рамките на посетата учениците имаа ретка прилика да ја посетат ковачницата на метални пари при НБРМ и музејската поставка при НБРМ со монети и другу пари пронајдени на територијата на Македонија од античкиот период па се до денес.