Јавен оглас бр.1/2017 за пополнување слободни работни места

Врз основа на член 22 и 23 од Законот за работните односи и член 20-г од Законот за вработените во јавниот сектор, Општинското средно училиште Св.Климент Охридски” – Охрид, објавува

Јавен оглас бр.1/2017 

за пополнување слободни работни места

1. ОСУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид има потреба од вработување на:

Ред.бр. Шифра Назив на работното место Број на извршители
1 ОБН 03 02 З03 001 Наставник по македонски јазик и литература

1

2 ОБН 03 02 З03 001 Наставник по математика

1

3 ОБН 03 02 З03 001 Наставник по вовед во правото

1

4 ОБН 03 02 И03 005 Библиотекар

1

5 ОБН 04 01 А01 006 Хаусмајстор

1

6 ОБН 04 01 А01 002 Хигиеничар

1

7 ОБН 03 02 З03 001 Наставник по италијански јазик

1

8 ОБН 03 02 З03 001 Наставник по математика

1

9 ОБН 03 02 З03 001 Наставник по хемија

1

10 ОБН 03 02 З03 001 Наставник по спорт и спортски активности

1

11 ОБН 04 01 А01 002 Хигиеничар

1

2. Работниот однос се заснова на определено време до крајот на учебната 2016/2017 година за работните места под ред. бр.1, 2, 3, 4, 5 и 6, односно за замена на отсустен работник до враќање работникот на работа, а најмногу до 31.08.2017 год. за работните места под ред. бр.7, 8, 9, 10 и 11.

3. Работниот однос се заснова со полно работно време за работните места под ред. бр. 1, 2, 5, 6, 7, 8, 10 и 11  односно со неполно работно време од 10 наставни часа за работните места под ред. бр. 3, 4 и 9.

4. Секој кандидат треба да ги исполнува општите услови:

  • да е државјанин на Република Македонија
  • активно да го користи македонскиот јазик и неговото кирилско писмо
  • да е полнолетен
  • да има општа здравствена способност за работното место и
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност

Кандидатитетребадагиисполнуваат посебните услови утврдени во член 59 од Законот за средното образование, член 2 од Законот за наставници во основните и средните училишта и условите утврдени во Правилникот за систематизација на работните места во училиштето и Нормативот за наставен кадар во средното образование.

5. Работното време изнесува 5 работни дена во неделата (од понеделник до петок) во две смени: првата започнува во 7.30 часот, а втората во 13.30 часот. Распоредот на работното време се врши согласно утврдениот распоред на часови на учениците.

6. Основната нето плата за работните места под ред.бр.1, 2, 7, 8 и 10 изнесува 21.524 денари, за работните места под ред.бр.3, 4, и 9 изнесува 10.762 денари, за работните места под ред.бр. 6 и 11 изнесува 11.462 денари и за работното место под ред.бр.5 изнесува 15.484 денари.

7. Кандидатите за вработување се пријавуваат на јавниот оглас преку пополнување на пријава. Пријавата за вработување кандидатите можат да ја подигнат во училиштето или на веб страната http://gimnazijaohrid.com

Со пријавата кандидатите треба да приложат:

  • кратка биографија
  • доказ за завршено образование (уверение или диплома)
  • уверение за државјанство на Република Македонија
  • уверение за положен стручен испит (доколку кандидатот има положено)
  • лиценца за наставник издадена од Академијата за наставици (доколу има)

Пријавите заедно со прилозите се доставуваат лично во училиштето или по пошта на адреса ул.Димитар Влахов бр.71, 6000 Охрид. Контакт лице Бојан Петровски тел.046 262217.

Огласот е отворен 5 работни дена од денот на објавувањето.

Ненавремената, нецелосна и неуредно пополнета пријава нема да биде предмет на разгледување од страна на Комисијата за спроведување на постапката за вработување.

8. Постапката за селекција на пријавените кандидати се состои од проверка на пријавите и веродостојноста на доставените податоци и доказите во прилог на пријаватата. Изборот од пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 8 дена од истекот на рокот за пријавување.

Пријавата за вработување може да ја преземете ТУКА.