На ден 20.09.2017 год. во Охридската гимназија се одржа предавање на тема „Превенција на трговија со луѓе“ од страна на Ла Страда Македонија – организацијата за решавање на овој проблемм а во соработка со Министерството за образование и наука. Целта на предавањето беше да се запознаат младите што всушност претставува трговијата со луѓе и кои се се облиците на експлотација, како да препознаат и каде да пријават трговија со луѓе.
Учениците кои учествуваа на оваа обука имаат задача да ги проследат информациите во своите класови со цел да се актуелизира проблемот кој претставува зло на денешницата.