Ноември – месец на борба против болестите на зависност

На ден петок, 17 ноември 2017, се одржа предавање на тема „Болести на зависност“ по повод месецот на борба против болестите на зависност. Предавањето беше организирано од општинската организација на „Црвен Крст“. Нашите ученици се запознаа со болестите на зависност, алкохолизам, никотизам и наркоманија во организација на „Црвен крст“ од Охрид.

д-р спец. Соња Стурлакова-Димовска и Георги Ставрески ги запознаa учениците за овие три видови болести на зависнот, преку мултидисциплинарен пристап од областа на превенцијата, акцентирајќи го притоа јакнењето на здрави животни вештини, комуникација, асертивност, антиципација на здрави животни избори и одговорност кај учениците.