Изложба „Ана Франк – Историја за денес“

На 24.11.2017 во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид беше отворена патувачка изложба „Ана Франк – Историја за денес “ во организација на Младински образовен форум во соработка со учениците од ОСУ „Св. Климент Охридски“ под менторство на професор Вера Јовческа.

Отворањето беше проследено со поздравни говори од Славко Упевче, програмски координатор од Центарот за култура „Григир Прличев“, Живка Ангелоска, претседател на Советот на општина Охрид и Сања Стефановиќ од Младински образовен форум.
Изложбата претставува збир од триесет и девет изложбени панели кои носат бројни детали од животот на малата Ана и нејзиното семејство од Втората светска војна. Изложбата е отворена во Македонија во рамки на проектот „Хисторија, Историја, Повјест – Лекции за сегашноста“, а организатори се Младински образовен форум и Куќата на Ана Франк од Амстердам. Во изложбата има и панели кои се креирани посебно за македонскиот контекст во периодот по Втората светска војна до денес, а изработени од домашните експерти Мишо Докмановиќ и Бесник Емини.

Изложбата ќе биде отворена за посетители до 5-ти декември 2017 година, а влезот е бесплатен.