Три награди за учениците од Гимназијата на натпреварот „Ноември-месец на науката“

На 26.11 во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје се одржа натпревар по повод Ноември-месец на науката на кој учество зедоа 5 ученици од Oхридската гимназија. Натпреварот оваа година беше во организација на Сојузот на хемичари и технолози на Македонија, во соработка со Македонското биолошко друштво, Друштвото на физичари на Р.Македонија, Македонското географско друштво, Македонското астрономско друштво, Скопското астрономско друштво и Македонското еколошко друштво.

Во областа хемија, под менторство на професор Билјана Стевоска се претставија учениците Ана Филипче и Филип Николовски кои со својот експеримент прикажаа кристализација на натриум ацетат трихидрад и се здобија со трета награда.

Во областа физика пак, учествуваа ученичките Викторија Алексовска и Емилија Наумоска кои со демонстрација за визуелизација на звукот со помош на ласерска светлина ја добија првата награда.

Во истата категорија се натпреваруваше и ученичката Михаела Грозданова која со експериментот “Solar tracker” ја освои втората награда.

Освен со наградите кои се доказ дека трудот на професорите и учениците секогаш се исплаќа, од овој натпревар учениците се вратија со уште нешто многу поважно, а тоа е искуството, новите знаења и дружбата која ќе се памти уште долго.