Проф. Весна Цветкоска – нов директор на Охридската гимназија

Со решение на Градоначалникот на Охрид, од 01.12.2017 год. за в.д. директор на Општинското средно училиште „Св.Климент Охридски“ – Охрид е именувана Весна Цветкоска. Таа е дипломиран професор по биологија и во училиштето работи од 1987 година. На оваа позиција доаѓа на местото на проф. Звонко Трпески кој функцијата ја вршеше од јануари 2015 заклучно со ноемеври 2017 год.