ЈАВЕН ОГЛАС – ПОКАНА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ

Врз основа на член 19 од Правилникот за начинот на изведување на училишните екскурзии на учениците од средните училишта, Комисијата за спроведување на постапката за екскурзија со учениците од III год. и Комисијата за спроведување на постапката за матурско патување при ОСУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид, објавуваaт

ЈАВЕН ОГЛАС – ПОКАНА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ

  1. Договорен орган

назив: Општинско средно училиште „Св.Климент Охридски“ – Охрид

адреса: ул.Димитар Влахов бр.71, 6000 Охрид

интернет адреса: http://gimnazijaohrid.edu.mk/

контакт: тел.046 262217 е-пошта svklimentohridski@yahoo.com

  1. Oпис на услугата

– Екскурзија со учениците од III година во учебната 2017/2018 год. во Чешка со посета на Будимпешта, Прага, Дрезден и Виена во периодот од крај на мај – почеток на јуни 2018 год.

– Матурско патување со учениците од IV година во учебната 2017/2018год. во Италија со посета на со посета на Љубљана, Лидо ди Јесоло, Верона, Венеција, Трст и Сплит во периодот почеток на мај 2018 год.

Постапката е делива.

  1. Минималните услови кои треба да ги исполни понудувачот и документите кои треба да ги достави како доказ за исполнување на условите се наведени во тендерската документација составен дел на овој оглас, која може да се подигне лично кај секретарот на училиштето или да се преземе за екскурзија за III година ТУКА 6.-Tenderska-dokumentacija-2018-III , за матурско патување ТУКА 6. Tenderska dokumentacija (2018-IV)
  2. Критериум за избор на најповолна понуда е најниската цена.
  3. Рок, место и начин на доставување на понудите

Понудите заедно со целокупната документација се доставува до ОСУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид ул.Димитар Влахов бр.71, 6000 Охрид во одвоени затворени пликови со назнака „Понуда по јавен оглас за екскурзија со учениците од III година“, односно „Понуда по јавен оглас за матурско патување со учениците од IV година“ и забелешка „не отварај“, во рок од 5 (пет) работни дена од денот на објавување на огласот.

ОСУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид