
За учениците од прва година беше организирана кратка, еднодневна посета до Лесновскиот манастир. Целта беше запознавање на учениците со Лесновската книжевна школа и нејзината богата историја содржана во манастирот, црквата, па и целиот простор околу нив.
Значајно за Лесновската книжевна школа е богатата просветителска и препишувачка дејност. Оваа школа, освен во Лесновскиот манастир, се развивала од XII до XVIII век и во повеќе манастири и цркви во северна и источна Македонија.
Во овој манастир се развил поинаков монашки живот отколку во краевите на западна Македонија. Тој бил пустиножителски вид, со мал број монаси кои осаменички, повлечено, живееле по планини, пештири и пустини, сѐ со цел да се посветат што е можно повеќе на Бога.
Негов основач е Св. Гаврил Лесновски, а манастирот е наречен по селото Лесново. Живеел заедно со други монаси по природните пештери кои многу ги имало во околината, а на истиот начин живееле и неговите наследници. Неговиот гроб се наоѓа во црквата која е изградена во XIV век, за време на царот Стефан Душан. Во периодот на турското ропство, поради заштита моштите на св. Гаврил Лесновски биле извадени од гробот и однесени во Бугарија. Црквата е украсена со многу фрескописи, а изработувачи останале анонимни. Според направените истражувања, имало две групи од најверојатно најдобрите уметници во тоа време. Особено значаен е иконостасот кој е изработен од страна на Петре Гаргат од село Гарино со неговите работници. Тој исто така го изработил и иконостасот во манастирот Св. Јован Бигорски.
Лесновскиот манастир бил многу познат по препишувачката школа која се развила во време на турското ропство. Најмногу се препишувале извадоци од Библијата. За жал, сите препишувани и преведувани книги, за време на Југославија биле одземени и нема веќе останати примероци.
Изработиле:
Мила Коруноска и Огнен Секулоски
https://www.youtube.com/watch?v=kwItQwRdBAk