Јавен оглас бр.1/2018 за пополнување слободни работни места

Врз основа на член 22 и 23 од Законот за работните односи и член 20-г од Законот за вработените во јавниот сектор, Општинското средно училиште “Св.Климент Охридски” – Охрид, објавува

 

Јавен оглас бр.1/2018

за пополнување слободни работни места

 

  1. ОСУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид има потреба од вработување на:
Ред.бр. Шифра Назив на работното место Број на извршители
1 ОБН 03 02 З03 001 Наставник по биологија 1
2 ОБН 03 02 З03 001 Наставник по биологија 1
  1. Работниот однос се заснова на определено време за замена на отсутен работник до враќање на работникот на работа, а најмногу до крајот на учебната 2017/2018 година.
  2. Работниот однос се заснова со полно работно време за работното место под ред. бр. 1, односно со неполно работно време од 10 наставни часа за работното место под ред. бр. 2.
  3. Секој кандидат треба да ги исполнува општите услови:

– да е државјанин на Република Македонија

– активно да го користи македонскиот јазик и неговото кирилско писмо

– да е полнолетен

– да има општа здравствена способност за работното место и

– со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на

професија, дејност или должност

Кандидатите треба да ги исполнуваат посебните услови утврдени во член 59 од Законот за средното образование, член 2 од Законот за наставници во основните и средните училишта и условите утврдени во Правилникот за систематизација на работните места во училиштето и Нормативот за наставен кадар во средното образование.

  1. Работното време изнесува 5 работни дена во неделата (од понеделник до петок) во две смени: првата започнува во 7.30 часот, а втората во 13.30 часот. Распоредот на работното време се врши согласно утврдениот распоред на часови на учениците.
  2. Основната нето плата за полно работно време за сите работни места изнесува 21.524 денари.
  3. Кандидатите за вработување се пријавуваат на јавниот оглас преку пополнување на пријава. Пријавата за вработување кандидатите можат да ја подигнат во училиштето или да ја преземат ТУКА

Со пријавата кандидатите треба да приложат:

  • кратка биографија
  • доказ за завршено образование (уверение или диплома)
  • уверение за државјанство на Република Македонија
  • уверение за положен стручен испит (доколку кандидатот има положено)

Пријавите заедно со прилозите се доставуваат лично во училиштето или по пошта на адреса ул.Димитар Влахов бр.71, 6000 Охрид. Контакт лице Бојан Петровски тел.046 262217.

Огласот е отворен 5 работни дена од денот на објавувањето.

Ненавремената, нецелосна и неуредно пополнета пријава  нема да биде предмет на разгледување од страна на Комисијата за спроведување на постапката за вработување.

  1. Постапката за селекција на пријавените кандидати се состои од проверка на пријавите и веродостојноста на доставените податоци и доказите во прилог на пријаватата. Изборот од пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 8 дена од истекот на рокот за пријавување.

 

ОСУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид