1. Поднесувач на барањето е ОСУ”Св.Климент Охридски” – Охрид. со адреса ул.Димитар Влахов бр.71
2. Предмет на барањето: снимање и изработка на фотографии и изложбено табло и алманаси и футроли за дипломи за учениците од завршните класови во учебната 2017/2018 год.
Понудата треба да содржи:
– цена по ученик за фотографија за табло со димензии 6х9см и 4 фотографии колор + 1 фотографија 13х18
– изработка на голема изложбено табло и урамување на истото кое останува во сопственост на Училиштето
– претходно изработена фотографија за оценување на квалитетот
– опис на дизајнот на алманахот (тврди корици, на предната страна да стои слика од гимназиската зграда)
– поединечна цена на алманах и футрола (папка) по ученик
– алманахот и папката да бидат во исти дезен и боја
– извод од регистрација на дејноста или тековна состојба
– уверение или друг документ за стручна оспособеност за врешење дејност фотограф (сликар)
– рок на извршување на работите
3. Понудите да се достават во писмена форма на адреса ул.Димитар Влахов бр.71, или преку телефакс 046 262 922, со тоа што мора да бидат потврдени со писмо пред истекот на времето за доставување на понудите.
4. Понудите да се достават во рок од 3 дена
5. Критериуми за избор на најповолна понуда:
– квалитет
– најповолна цена
– рок на извршување
6. За извршениот избор на најповолна понуда, понудувачите ќе бидат известени во рок од три дена од денот на изборот.
7. Плаќањето за извршената услуга ќе се врши врз основа на склучен договор, по извршување на услугата, со уплата од страна на учениците на жиро сметката на вршителот на услугата.
ОСУ”Св.Климент Охридски” – Охрид