Охридските гимназијалци на ‘’Денови на демократска култура ” во Белград, Србија

Учениците од Охридската гимназија “ Св. Климент Охридски “ од Охрид со поддршка на Општина Охрид во периодот од  13 до 15 април во Белград  беа учесници на манифестацијата „Денови на демократска култура“. Овој настан во организација на Земунска гимназија е дел од проектот на Советот на Европа “ Развој на демократската култура во училиштето”.

Беше  реализирана округла маса со тема  „ (Не) постои  Ученички парламент’’на која учество зедоа гимназијалци од повеке  гимназии од регионот – Македонија, Словенија,  Унгарија, Хрватска, Црна Гора и Србија.

На манифестацијата нашите ученици Ковачески Кирил, Спростран Петар, Емилија Кацелиновска, Викторија Војнеска и Ивона Јанкулоска  под менторство на професорите Рената Арнаудова и Стефан Каневчев , зедоа активно учество во работата на округлата маса како и во текот на дебатата.

Кирил Ковачески како учесник на округлата маса  презентираше состојби на Ученичкиот парламент во нашето училиште, негово функционирање, законски рамки и актуелни состојби, споделувајки искуства со учениците од регионот.

Округлата маса покрај едукативниот карактер беше и во  функција на  носење на различни заклучоци  кои се применливи  и во пракса.

Во текот на манифестацијата беше отворена дебата на  тема – (не) видливост  на Ученичкиот парламент и  партиципација на ученицит во животот на училиштата, за важноста од постоење на ученичкиот парламент , факторите кои влијаат на стабилноста на еден Ученички парламент како и законските оквири  кои го дефинираат работењето на парламентот. Дебатата даде придонес за развој и ширење на демократската култура во средните училишта и  споделување на искуства . Целта на дебатата беше подигање на свеста за значењето на Ученичкиот парламент во училиштата, и неговата примена , не само во насока  на организирање на хуманитарни акции и спортски турнири , туку како средство со кое учениците добиваат можност  го изразат своето мислење, да учествуваат во креирање на политики во рамките на училиштето, во рамките на училиштето  да учествуваат во носењето на одлуки и да  бидат креаторин на промени. Парламентарците беа согласни со едно – дека треба да се поведе иницијатива со која ке се овозможи поголема водливост на Ученичкиот парламент кој треба да биде партнер во училиштето во носење на одлуките.

Манифестацијата беше пропратена и со интересни културни програми кои вклучуваа посета на Општината Земун, посета на “Музејот на современата уметност” , организирани работилници како и големо дружење мегу парламентарците.

На крајот, домакините и гостите како заеднички впечаток од тридневното дружење понесоа  и убави спомени за бројните пријателства кои беа склучени. Упатуваме голема благодарност до Општина Охрид за добиената поддршка и помош во реализацијата на нашето учество на манифестацијата.