На 28.4.2018 во Скопје се одржа натпреварот Spelling Bee на државно ниво организиран од Мировниот корпус. На натпреварот по одржаните регионални натпревари пласман обезбедија тројца ученици од прва година од ОСУ ,,Св. Климент Охридски’’ и тоа: Никола Здравески, Михаил Талев и Марино Јакимоски под менторство на проф. Даниела Спироска. Никола Здравески го освои второто место во конкуренција од 35 ученици на државно ниво, а и останатите ученици постигнаа завидни резултати, Марино Јакимоски четврто и Михаил Талев шесто место. Никола Здравески е поканет на свеченото доделување на наградите кое ќе се одржи на 14 мај.