Во рамки на програмата Еразмус +,како дел од проектот ,,Младите во акција”,нашето училиште ОСУ ,,Св.Климент Охридски”реализира посебен проект под наслов ,,Миграција и меѓукултурни односи.Носител на проектот е гимназијата,,Франц Миклошиќ”од Љутомер,Република Словенија,а нашата гимназија се јавува како партнер во истиот.Проектот трае една година,и тоа во текот на 2018.
Цели на истиот се: -запознавање со други народи,култури,религии; -изнаоѓање начини за вклучување на мигрантите во нашите општества; -изнаоѓање примери на добра пракса за вклучување на мигрантите во општеството,посебно во образовниот систем; -учење на словенечки јазик,односно македонски; -запознавање на младите со начелата и вредностите на ЕУ; -промовирање на демократски вредности во општеството; -развивање на иницијатива и социјални вештини кај младите вклучени во проектот; -надминување на стереотипи,говор на омраза и сл.
Координатор на проектот од наша страна е професорката Вера Јовческа, а како ментори се јавуваат професорките Даниела Спироска,Рената Арнаудова и Светлана Голабоска.

Во периодот од 23 до 28 април во Охрид престојуваа нашите гости од Словенија.Активностите од проектот започнаа во нашето училиште.Беа формирани работни групи кои преку презентации обработија различни теми.

По секоја презентација следуваше дискусија,заедничка работа во групи со мешан состав од наши и словенечки ученици.Работата се одвиваше во сесии и претпладне и попладне.
Секако дека не изостана и претставувањето на убавините на Охрид,Струга,Вевчани,како и Скопје.

Токму во Скопје сите бевме гости на словенечкото друштво,,Франце Прешерн” каде се запознавме со животот на Словенците кои останале да живеат во Р Македонија и која ја чувствуваат како своја втора татковина.
Посебно треба да ги нагласиме т.н.Словенечка вечер кога нашите пријатели ни ја доближија својата земја нам,како и Македонската вечер кога ние им ја претставивме на гостите македонската традиционална кујна и старогратска музика.Беа пречекани во духот на вистинска охридска визита.

Се чувствуваа почестени што вечерта им се обрати, ги поздрави и им посака топло добредојде заменикот градоначалник д-р Константин Георгиевски.

Гостите беа одушевени од се,па на заминување ни кажаа дека чекаат на повторната средба. Се родија пријателства кои ќе траат.