Проект – „Звуците на мојата земја низ боите на детското око“

На 27.10.2018 ученици од ОСУ„Св. Климент Охридски“ -Охрид учествуваа на едукативна ликовна работилница на тема „Звуците на мојата земја низ боите на детското око“ организирана од страна на Центар за детско изразување, музикотерапија и психофизичка релаксација, под покровителство на Mинистерството за култура на РМ.

Проектот претставуваше интердисциплинарно истражување во визуелната уметност и музиката, кое се базира на комплементарноста на музиката и ликовната уметност во емотивна изразенот и доживувањето на слушаната музика низ ликовен израз кај младата популација. Целта на проектот беше да овозможи употреба на креативни методи – арт и музикотерапија во доживувањето на музичките слики за нашата земја преточени во цртеж.

Проектните активности кои се реализираа беа предводени од професор на Факултетот за ликовна уметност -Скопје, асистиран од музикотерапевт и професори од ЕФТА, ФМУ и ФОН при YГД Штип. Во работилницата зазедоа учество професори по ликовна уметност и ученици од средните училишта.

За време на работилниците, учесниците ја доживеаа нашата земја слушајќи песни за природните убавини и знаменитости на Македонија, и мyзички слики кои беа преточени во ликовен израз.

Цртежите ќе бидат презентирани во каталог и искористени за изработка на боенка за РМ.