Успешно претставување на охридските гимназијалци на натпреварот „Ноември месец на наука“

По повод Ноември- месецот на науката, на 10ти ноември во просториите на City Mall, во склоп на школата Млади физичарии се одржа натпревар во демонстрации. На натпреварот учествуваа 2 тима од нашата гимназија и тоа Емилија Наумоска и Викторја Алексовска од 4та година и Петар Лекоски и Елена Кецкароска. Ученичките Емилија Наумоска и Викторија Алексовска се претставија со симулација на елекртомагнетен воз кој предизвика овации кај публиката. Другиот дел од нивниот експеримент беше за потврдување на постоењето на Лоренцовата сила правеј ќи го воздухот од изолатор-спроводник и предизвикувајќи искра со помош на напон од 5000V. Елена Кецкароска и Петар Лекоски ја измерија планковата константа по експериментален пат, со помош на дифракциона решетка, а воедно учество зедоа и со нивниот спектроскоп, кој беше направен од секојдневни материјали, но сепак ни го покажа спектарот на бои. Двата тима во конкуренција на ученици од Македонија, Србија и Хрватска, заслужено се здобија со две втори награди.