Во посета на Софија, Бугарија во рамките на Еразмус+ програмата „Поврзување на училиштата преку граници“

Во периодот од 19.05.до 25.05.2019 ученици од втора година при ОСУ Св. Климент Охридски во рамките на програмата Еразмус плус, Р Бугарија кеде беше одржана втората работа на Младинскиот парламент во рамките на проектот Connecting Schools Across Borders.

Распоредени во комитети,заедно со своите ученици-соработници од Полска,Холандија,Германија,Шпанија и Бугарија,работеа на определени,дефинирани проблеми и решенија за нивно надминување.Потоа секој од комитетите донесе своја резолуција,а на Генералното собрание се гласаше за истите. Работата на комитетите се одвиваше на различни локации-во просториите на училиштето домаќин Хан Крум, во Ректоратот на софискиот универзитет.

По пригодниот пречек кои го имаа организирано домаќините,се отпочна со работа во неколку сесии.Но,домаќините успешно го имаа организирано и слободното време.Еден ден беше посветен на екскурзија до Пловдив.Со помош на туристички водичи за секоја група,учениците можеа да видат дел од стариот дел на градот,да се запознаат со важни културно-историски споменици од различни временски периоди.

Исто така последниот ден учениците се запознаа со Софија,многуте знаменитости Парламентот,Судската палата,театарот Иван Вазов,градби,цркви,какви што беа Александар Невски,најголемата,и Св.Недела. Учениците од различни земји се дружеа,запознаваа,ширеа пријателства кои ќе траат.