
Врз основа на член 22 и 23 од Законот за работните односи и член 20-г од Законот за вработените во јавниот сектор, Општинското средно училиште “Св.Климент Охридски” – Охрид, објавува
Јавен оглас бр.1/2019
за пополнување слободни работни места
- ОСУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид има потреба од вработување на:
Ред.бр. | Шифра | Назив на работното место | Број на извршители |
1 | ОБН 03 02 З03 001 | Наставник по германски јазик | 1 |
2 | ОБН 03 02 З03 001 | Наставник по ликовна уметност | 1 |
3 | ОБН 03 02 З03 001 | Наставник по француски јазик | 1 |
4 | ОБН 03 02 З03 001 | Наставник по информатика | 1 |
5 | ОБН 03 02 З03 001 | Наставник по биологија | 1 |
6 | ОБН 03 02 З03 001 | Наставник по биологија | 1 |
7 | ОБН 03 02 И03 005 | Библиотекар | 1 |
- Работниот однос се заснова на определено време до крајот на учебната 2019/2020 година за работните места под ред. бр. 1, 2 и 7, односно за замена на отустен работник до враќање на работникот на работа, а најмногу до 31.08.2020 год. за работните места под ред. бр. 3, 4, 5 и 6.
- Работниот однос се заснова со полно работно време за работните места под ред. бр. 1, 4, 5, 6 и 7 односно со неполно работно време од 11 наставни часа за работното место под ред. бр. 2 и 13 наставни часа за работното место под ред. бр. 3.
- Секој кандидат треба да ги исполнува општите услови:
– да е државјанин на Република Северна Македонија
– активно да го користи македонскиот јазик и неговото кирилско писмо
– да е полнолетен
– да има општа здравствена способност за работното место и
– со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на
професија, дејност или должност
Кандидатите треба да ги исполнуваат посебните услови утврдени во член 59 од Законот за средното образование, член 3 од Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта и условите утврдени во Правилникот за систематизација на работните места во училиштето и Нормативот за наставен кадар во средното образование.
- Работното време изнесува 5 работни дена во неделата (од понеделник до петок) во две смени: првата започнува во 7.30 часот, а втората во 13.30 часот. Распоредот на работното време се врши согласно утврдениот распоред на часови на учениците.
- Основната нето плата за полно работно време за сите работни места изнесува 23.679 денари.
- Кандидатите за вработување се пријавуваат на јавниот оглас преку пополнување на пријава. Пријавата за вработување кандидатите можат да ја подигнат во училиштето или да ја преземата ТУКА
Со пријавата кандидатите треба да приложат:
- кратка биографија
- доказ за завршено образование (уверение или диплома)
- уверение за државјанство на Република Македонија
- уверение за положен стручен испит (доколку кандидатот има положено)
Пријавите заедно со прилозите се доставуваат лично во училиштето или по пошта на адреса ул.Димитар Влахов бр.71, 6000 Охрид. Контакт лице Бојан Петровски тел.046 262217.
Огласот е отворен 3 работни дена од денот на објавувањето.
Ненавремената, нецелосна и неуредно пополнета пријава нема да биде предмет на разгледување од страна на Комисијата за спроведување на постапката за вработување.
- Постапката за селекција на пријавените кандидати се состои од проверка на пријавите и веродостојноста на доставените податоци и доказите во прилог на пријаватата. Изборот од пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 8 дена од истекот на рокот за пријавување.
ОСУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид