
Почитувани полумантуранти.
Чест и привилегија е да си ученик на Охридската гимназија. Резултатите се доказ за тоа како кај нас така и надвор од нашата држава. Затоа одлучете се за гимназиско образование кое ги отвора вратите во различни области од науката. Имате можност да изберете природно-математичко подрачје А (математика и информатика), природно-математичко подрачје Б (природни науки), јазично-уметничко А (странски јазици), јазично-уметничко Б (уметности), општествено-хуманистичко А (правно-економски науки) и општествено-хуманистичко Б (општествени науки).
Ве известуваме дека уписот на ученици во I година во ОСУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид ќе се спроведува на 16, 17 и 18 јуни 2020 год. од 7 до 19 часот, и 19 јуни од 7 до 13 часот.
Приемот на документи ќе се врши согласно Протоколот за постапување кој го донесе Владата на Република Северна Македонија, со почитување на мерките за заштита во услови на пандемија.
Кандидатите за упис поднесуваат:
- пополнета пријава за упис која може да се преземе ТУКА
- оригинални свидетелства од VI до IX одделение
- извод од матична книга на родени (без оглед на датумот на издавање)
- и дипломи за освоени (I, II и III) места од меѓународни натпревари, како и државни натпревари (организирани од акредитирани здруженија од Министерство за образование и наука) по мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија.
При поднесувањето на документите кандидатите задолжително поднесуваат комплетни документи со претходно пополнета пријава (не е дозволено пополнување пријави во просториите на училиштето), при што задолжително мора да се почитува обврската за носење заштитна маска и одржување растојание од најмалку 2 метри, на места кои ќе бидат соодветно обележани од страна на училиштето.
Приемот на документи ќе се врши според азбучен ред на презимето на ученикот и тоа:
– на 16 јуни – прием на документи на ученици чии презимиња започнуваат од А до Ж
– на 17 јуни – прием на документи на ученици чии презимиња започнуваат од З до М
– на 18 јуни – прием на документи на ученици чии презимиња започнуваат од Н до Ќ
– на 19 јуни – прием на документи на ученици чии презимиња започнуваат од У до Ш