
Почитувани полумантуранти.
Чест и привилегија е да си ученик на Охридската гимназија. Резултатите се доказ за тоа како кај нас така и надвор од нашата држава. Затоа одлучете се за гимназиско образование кое ги отвора вратите во различни области од науката. Имате можност да изберете природно-математичко подрачје А (математика и информатика), природно-математичко подрачје Б (природни науки), јазично-уметничко А (странски јазици), јазично-уметничко Б (уметности), општествено-хуманистичко А (правно-економски науки) и општествено-хуманистичко Б (општествени науки). Наставните програми и предметите за одделните подрачја може да ги видите на следниот ЛИНК.
Ве известуваме дека уписот на ученици во I година во ОСУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид ќе се спроведува на
14 јуни 2021 год. од 12 до 19 часот
15 и 16 јуни 2021 год. од 7 до 19 часот, и
17 јуни 2021 год. од 7 до 15 часот.
Кандидатите за упис поднесуваат:
- пополнета пријава за упис која може да се преземе ТУКА
- оригинални свидетелства од VI до IX одделение
- извод од матична книга на родени (без оглед на датумот на издавање)
- и дипломи за освоени (I, II и III) места од меѓународни натпревари, како и државни натпревари (организирани од акредитирани здруженија од Министерство за образование и наука) по мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија.
При поднесувањето на документите кандидатите задолжително поднесуваат комплетни документи со претходно пополнета пријава (не е дозволено пополнување пријави во просториите на училиштето), при што задолжително мора да се почитува обврската за одржување растојание од најмалку 2 метри, на места кои ќе бидат соодветно обележани од страна на училиштето.