
Врз основа на член 22 и 23 од Законот за работните односи и член 20-г од Законот за вработените во јавниот сектор, Општинското средно училиште “Св.Климент Охридски” – Охрид, објавува
Јавен оглас бр.1/2021
за пополнување слободни работни места
1. ОСУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид има потреба од вработување на:
Ред.бр. | Шифра | Назив на работното место | Број на извршители |
1 | ОБН 04 01 А01 002 | Хигиеничар | 1 |
2. Работниот однос се заснова на неопределено време.
3. Работниот однос се заснова со полно работно време.
4. Секој кандидат треба да ги исполнува општите услови:
– да е државјанин на Република Македонија
– активно да го користи македонскиот јазик и неговото кирилско писмо
– да е полнолетен
– да има општа здравствена способност за работното место и
– со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на
професија, дејност или должност
5. Работното време изнесува 5 работни дена во неделата (од понеделник до петок) во две смени: првата започнува во 7.00 часот, а втората во 13.00 часот.
6. Основната нето плата за полно работно време за сите работни места изнесува 15.194 денари.
7. Кандидатите за вработување се пријавуваат на јавниот оглас преку пополнување на пријава. Пријавата за вработување кандидатите можат да ја подигнат во училиштето или да ја преземат ТУКА
Со пријавата кандидатите треба да приложат:
- доказ за завршено образование (уверение или диплома)
- уверение за државјанство на Република Македонија
Пријавите заедно со прилозите се доставуваат лично во училиштето или по пошта на адреса ул.Димитар Влахов бр.71, 6000 Охрид. Контакт лице Бојан Петровски тел.046 262217.
Огласот е отворен 3 работни дена од денот на објавувањето.
Ненавремената, нецелосна и неуредно пополнета пријава нема да биде предмет на разгледување од страна на Комисијата за спроведување на постапката за вработување.
8. Постапката за селекција на пријавените кандидати се состои од проверка на пријавите и веродостојноста на доставените податоци и доказите во прилог на пријаватата. Изборот од пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 8 дена од истекот на рокот за пријавување.
ОСУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид