Активности од Еразмус+ проектот “A Lonely Planet or Digitally Connected”

Во рамките на Erasmus +програмата во периодот од 10.05 до 27. 5. 2021 година, нашето училиште беше дел од проектот “A Lonely Planet or Digitally Connected”. Во проектот покрај нашата Гимназија  учествуваа КГС Апелдорн од Холандија и Билингвал од Унгарија. Работилниците се изведуваа преку он -лајн платформата ZOOM. Во овој проект беа вклучени 37 ученици од прва година. Преку он-лајн предавања и работилници, учениците се здобија со знаења за работа во one note, изработка на презентација, видео, поткаст како и дизајнирање веб -страна.Исто така учениците имаа и онлајн средби преку кои се запознаваа меѓу себе, споделуваа дел од својата култура, традиција , храна и обичаи.

Од 4. 10. 2021г.  до 8 10. се одржа вториот дел од овој проект. Организатор беше училиштето Билингвал од Унгарија. Во овој проект учество зедоа  39 ученика од прва и втора година. Тема на работилниците беше: „Building your own video game“ . Учениците преку он-лајн работилници се здобија со знаење од областа кодирање и со користење на Scratch, Pixlr алатките, Soundtrap, ZapSplat креираа видео игри. Избрани беа победнички тимови во неколку категории: најдобар тим, најдобра аудио продукција, најдобар креативен дизајн и најдобра игра.

„Учеството во овој проект е едно интересно и возбудливо искуство. Научивме многу нови работи од областа на информатичката технологија. Успеавме да креираме наша видео игра преку апликацијата Scratch .Највозбудлива беше работата во апликацијата Soundtrap преку која научивме да создаваме наша сопствена музика. Ни беше задоволство да учествуваме во проектот бидејќи покрај новите знаења се стекнавме и со нови пријателства со учениците од Унгарија и Германија и на тој начин научивме за нивната култура и традиција.“, велат учесниците.

На проектот работат професорките Вера Јовческа, Светлана Огненова и Даниела Спироска. Овој проект ќе заврши наредната година кога домаќин ќе биде Гимназијата „Св Климент Охридски“.

Подетално за активностите на следниот линк

https://bilingual.hu/en/events-summary/erasmus-digital-exchange-21st-century-skills-development