
Врз основа на член 22 и 23 од Законот за работните односи и член 20-г од Законот за вработените во јавниот сектор, Општинското средно училиште “Св.Климент Охридски” – Охрид, објавува
Јавен оглас бр.3/2021
за пополнување слободни работни места
1. ОСУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид има потреба од вработување на:
Ред.бр. | Шифра | Назив на работното место | Број на извршители |
1 | ОБН 03 02 И03 001 | Педагог | 1 |
2 | ОБН 03 02 З03 001 | Наставник по математика | 1 |
2. Работниот однос се заснова на определено време до крајот на учебната 2021/2022 година за работното место под ред. бр. 1, односно за замена на отустен работник до враќање на работникот на работа, а најмногу до 31.08.2022 год. за работното места под ред. бр. 2.
3. Работниот однос се заснова со полно работно време за работното место под ред. бр. 1, односно со неполно работно време од 11 наставни часа за работното место под ред. бр. 2.
4. Секој кандидат треба да ги исполнува општите услови:
– да е државјанин на Република Северна Македонија
– активно да го користи македонскиот јазик и неговото кирилско писмо
– да е полнолетен
– да има општа здравствена способност за работното место и
– со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на
професија, дејност или должност
Секој кандидат треба да ги исполнува посебните услови утврдени во член 3, односно чл.39 од Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта:
- има завршено најмалку четири години соодветно високо образование согласно со нормативот за наставен кадар утврден во наставната програма и се има стекнато со најмалку 240 ЕКТС
- има положено стручен испит. За наставник, односно стручен соработник може да биде примено и лице кое нема положено стручен испит најмногу до завршувањето на тековната учебна година.
5. Работното време изнесува 5 работни дена во неделата (од понеделник до петок) во две смени: првата започнува во 7.30 часот, а втората во 13.30 часот. Распоредот на работното време се врши согласно утврдениот распоред на часови на учениците.
6. Основната нето плата за полно работно време за сите работни места изнесува 25.839 денари.
7. Кандидатите за вработување се пријавуваат на јавниот оглас преку пополнување на пријава. Пријавата за вработување кандидатите можат да ја подигнат во училиштето или на може да ја преземете ТУКА
Со пријавата кандидатите треба да приложат:
- кратка биографија
- доказ за завршено образование (уверение или диплома)
- уверение за државјанство на Република Северна Македонија
- уверение за положен стручен испит (доколку кандидатот има положено)
Пријавите заедно со прилозите се доставуваат лично во училиштето или по пошта на адреса ул.Димитар Влахов бр.71, 6000 Охрид. Контакт лице Бојан Петровски тел.046 262217.
Огласот е отворен 3 работни дена од денот на објавувањето.
Ненавремената, нецелосна и неуредно пополнета пријава нема да биде предмет на разгледување од страна на Комисијата за спроведување на постапката за вработување.
8. Постапката за селекција на пријавените кандидати се состои од проверка на пријавите и веродостојноста на доставените податоци и доказите во прилог на пријаватата. Изборот од пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 8 дена од истекот на рокот за пријавување.
ОСУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид