30 години независна македонска држава – тема на годинешниот Патронат на Охридската Гимназија

Oва година нашиот Патронат, денот на светиот учител Св. Климент Охридски, го посветуваме на 30 години од независноста на македонската држава. Пред 30 години на 8-ми Септември 1991 година македонските граѓани се изјаснија за градење на самостојна и суверена држава реализирајќи го вековниот сон на многу генерации за слободна, независна и самостојна Македонија. Во чест на овој празник , учениците од нашето училиште преку снимени  рецитации, музички и ликовни творби се приклучуваат кон чествувањето.

Нека ни е честит денот, вечно да го славиме.

1 – Вовед и рецитал

2 – Музички дел: „Македонија“ – хор и оркестар на Охридската Гимназија

3 – Традиционална ликовна изложба во чест на нашиот патрон

4 –  Училишно списание „ЈУЖЕН БРАН“

Juzen-bran-2021

5 – Kонкурс по повод Патрониот празник на Гимназијата

Наградени ученици на годинешниот Конкурс за најубави литературни, ликовни и музички творби по повод Патрониот празник

Литературни творби: I награда Михаил Жупан IV-8 ; II награда Сара Петкоска I-7 ; III награда Анастасија Љулкова IV-8

Ликовни творби: I награда Ангела Србиноска III-5 ; II награда Ева Китрозоска III-8 и Викторија Печијареска III-1 ; III награда Елеонора Брдароска IV-1

Mузички творби: I награда Анастасија Филоска III-4 ; II награда Наталија Танеска I-3