Барање за прибирање понуди

1.         Поднесувач на барањето е ОСУ”Св.Климент Охридски” – Охрид. со адреса ул.Димитар Влахов бр.71

2.         Предмет на барњето: организирање на свечена матурска вечер за 187 матуранти на ден 20.05.2022 год. од 21 до 04 часот.

Понудата треба да содржи:

– мени

– цена по лице алтернативно со вклучена музика од хотелот – ресторанот и без вклучена музика

Во понудата треба да биде вклучена цена за превоз од училиштето до хотелот-ресторанот и обратно.

Распоредот и седењето на матурантите да не биде на класични маси и класични порции храна, туку на високи маси со барски столчиња со соодветно прилагодено мени.

            Понудата да содржи неограничен пијалок.

            Капацитетот на просторот да биде за најмалку 200 лица.

3.         Понудите да се достават во писмена форма на адреса ул.Димитар Влахов бр.71, или на е-маил mail@gimnazijaohrid.edu.mk со тоа што мора да бидат потврдени со писмо пред истекот на времето за доставување на понудите.

4.         Краен рок за доставување на понудите е 11.04.2022 год.

5.         Критериуми за избор на најповолна понуда:

            – цена

            – квалитет на понудата

6.         За извршениот избор на најповолна понуда, понудувачите ќе бидат известени во рок од три дена од денот на изборот.    

7.         Плаќањето ќе се врши врз основа на склучен договор со уплата од страна на учениците на жиро сметката на вршителот на услугата.

Комисија од родители на учениците      

од завршната година при ОСУ”Св.Климент Охридски”  Охрид