Гимназија го одбележува Светскиот ден на здравјето

Светски ден на здравјето — ден посветен на подигање на свеста за здравјето на луѓето ширум светот кој се одбележува на 7 април секоја година, под покровителство на Светската здравствена организација (СЗО). Светскиот ден на здравјето е еден од некулте здравствени денови во годината на СЗО, посветени на специфични болести одделно.

Тоа е прилика да се привлече внимание и сензибилизираат младите за здравствените проблеми со кои се соочуваме преку различни настани и активности. Охридската гимназија секоја година зема учество во одбележувањето на овој ден и традиционално  организира крводарителски акции како највисок чин на алтруизмот, тековно се држат едукативни предавања за различните здравствени предизвици со кои се соочуваат заболените и нивните семејства. Овие предавања се првенствено од превентивен карактер со цел подигнување на квалитетот на здравјето, дел се реализираат во соработка со други институции како Црвен Крст или Центар за јавно здравје во делот на општествено корисна работа,  дел како воннаставни активности на психолошко-педагошката служба, дел преку Активот на биологија и на класните часови преку т.н. Животни вештини преку теми за здрава исхрана и здрави животни стилови пошироко, како и вклучувајќи ја менталната хигиена, ненасилна комуникација, спортувањето, рекреацијата и др.