Реализиран Еразмус+ проектот “A Lonely Planet or Digitally Connected”

Еразмус+ проектот „A Lonely Planet or Digitally Connected” е проект кој ОСУ „Св Климент Охридски“ го реализира со КГС Апелдорн од Холандија и Билингвал од Унгарија. Проектот се реализира преку онлајн работилници во три етапи во 2021/2022 година. Носители на проектот се професорите  Даниела Спироска, Вера Јовческа и Светлана Огненова.

Во третиот и финален дел од проектот домаќин  беше ОСУ „Св. Климент Охридски“. Работилниците  се одржаа од 04.04.  до 08.04. 2022 година. Во проектот  учествуваат 35 ученика од прва година. Темата на оваа работилница беше „ Using Graphic Design in the Classroom“ што  им овозможи на учениците да се здобијат со знаења за алатки за графика што  ќе им помогне при изработка на  постери и билборди.

„Овој проект ми помогна да ги развијам моите креативни идеи и да комуницирам со деца од други земји. Нашето време го поминавме во дружење, креирање и споделување на нашите идеи кои ни помогнаа да создадеме нешто ново и креативно. Работејќи заедно научивме да работиме во тимови и да разменуваме различни мислења на одредени теми. “ (Марија Зороска)

„Овој Еразмус проект нè запозна со основите на компјутерската графика и графичкиот дизајн, што ќе бидат многу корисни во нашето понатамошно образование. Овој проект за мене претставуваше едно прекрасно искуство и доколку би имала можност , со задоволство би учествувала на друг ваков проект“ (Јана Петанова).

„Ова беше супер проект, научив многу за графичкиот дизајн, за тоа како се изработува постер, а посебно ми беше убаво тоа што имаше интеракција меѓу учениците од овие земји“ (Ѕвездан Јончески)

Реализацијата на овој проект   им овозможи на учениците да разменат искуства со другите ученици од Холандија и Унгарија околу можностите што ги нудат интернетот и дигиталните алатки при изработката на веб-страни, видео игри и билборди и со тоа се потенцираа предностите од дигиталното поврзување во услови на  работење преку онлајн платформите.

„Да имате можност да научите нешто ново, а сепак да се забавувате и да запознаете нови луѓе е ретка привилегија. Тоа е предноста на овие Еразмус +проекти. Работењето на одредена тема со луѓе кои се илјадници километри оддалечени од тебе е вистински предизвик. Се надевам дека ќе имаме уште многу вакви проекти во иднина“. (Јана Џамтоска)