
Уписот во прва година се врши електронски со пристап на адресата https://e-uslugi.mon.gov.mk
Рок за пријавување надоцна до 15.06.2022 до 15.00 часот.
Објавување на прелиминарна листа на запишани ученици на 16.06.2022 до 9 часот.
Поднесување на документи на запишаните ученици на 16.06.2022 од 12.00 до 19.00 часот и на 17.06.2022 од 7.00 до 19.00 часот.
Следните документи ги доставуваат само учениците кои на прелиминарната ранг листа се на листата на примени ученици:
– пријава за запишување (пријавата за запишување ученикот ја подигнува од училиштето и истата е бесплатна) или можат да ја преземат од ТУКА ;
– оригинални сведителства од VI до IX одделение;
– дипломи (доколку имаат) од освоени (I, II и III) места од меѓународни и државни натпревари од мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија , географија и историја;
– извод од матичната книга на родните(без оглед на датумот на издавање).