„Образованието е пасош за иднината,бидејќи утрото им припаѓа на оние кои од денес се подготвуваат за него‟ – Малколм Екс

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Денес, Охридската гимназија ги отвори вратите за своите средношколци со изведба на гимназиската химна „Деца сме на Свети Климент‟ од ученичката Јана Ѓурчева.

Највозбудени беа учениците во прва година кои денеска го отпочнуваат своето четиригодишно образование во нашето училиште. Топло добредојде им посакаа директорката Светлана Велкоска, нивните класни раководители и предметните професори.

Му се заблагодаруваме на Владимир Четкар, светски познатиот музички уметник , кој со задоволство ја прифати нашата покана. 

Ги поздрави учениците од прва година и со нив ги сподели своите средношколски спомени. Им посака успешна година и ги поттикна да бидат свои, да не потклекнуваат пред предизвиците и секогаш да се стремат напред.