Kонкурс за учество во Еразмус+ проект

Во согласност со правилата од грантот за Проектот „Improving mental health of adolescents through sport and art “ кој е финансиски поддржан и спроведуван во рамките на Програмата Еразмус+ на Европската Унија, а менаџирана од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност,  Директоротнa ОСУ „Св. Климент Охридски“,  од Охрид  распишува

К  О  Н  К  У  Р  С

за аплицирање за учество на 14 ученици од втора и трета година (7 машки и 7 женски) кои преку овој проект би биле вклучени во Еразмус+ програмата кој ќе се одржи во октомври 2022 г. во Љутомер, Словенија.

Учениците кои се заинтересирани да аплицираат за оваа обука треба да достават:

  • Мотивационо писмо;
  • Пополнат формулар за аплицирање (кој може да се подигне од кај педагошко-психолошка служба или да се преземе ТУКА).

Документацијата се доставува до секретарот на училиштето не подоцна од 23.09.2022 година.

Сите апликанти ќе бидат повикани на интервју на датум кој дополнително ке биде утврден. За интервјуто апликантите треба да подготват усна презентација на англиски јазик на една од следните теми:

1. Sports and art suggested as means to promote teens mental health

2. Sport and art for better mental heath-Street games

Критериуми за избор на ученици за учество во проектот:

  • успех од претходната година
  • поведение
  • мотивационо писмо
  • усна презентација

Во случај на исполнетост на основните критериуми од страна на повеќе кандидати, предност имаат ученици кои припаѓаат на ранлива категорија ученици (ученици со самохран родител, ученици чии родители се приматели на социјална помош, ученици со посебни образовни потреби), како и ученици кои претходно не биле вклучени во други Еразмус+ проекти.                                                                           

Датум: 21.09.2022 год.                                                                  Директор,

Охрид                                                                                     Светлана Велкоска