Претставување на Еразмус+ проектот „Училишна програма против лажните вести“

EРАСМУС+ проектот за лажни вести на Охридската гимназија, по 2 години привршува. По тој повод организираме серија настани за дисеминација на проектните резултати со цел споделување на добрите практики кои би можеле да најдат примена на час, но и во неформалното образование.

School Programme Against Fake News, за лажните вести, е наменет пред сѐ за училиштата: наставници, младински работници и сите засегнати во оваа ера на преплавеност со секакви информации на социјалните мрежи и сите останати медиуми. Кратките едукативни видеа, снимени за потребите на проектот, се покрај прирачникот за наставници дел од проектните резултати,

а изработените материјали остануваат достапни за преземање од веб страницата на проектот:
https://schoolprogrammeagainstfakenews.wordpress.com/

Психолошки механизми кои стојат во основа на реакциите на лажните вести на кои сме секојдневно изложени, се една од важните теми на овој проект, но тој ги третира и бројните други научни дисциплини. Примери за тоа како лажните вести се провлекувале низ историјата, литературата, природните науки, случај со корона вирусот и вакцините, како и манипулација со цифри и статистички податоци, sè тоа проследено со бројни илустративни примери.

Психолошки механизми кои стојат во основа на реакциите на лажните вести на кои сме секојдневно изложени, се една од важните теми на овој проект, но тој ги третира и бројните други научни дисциплини. Примери за тоа како лажните вести се провлекувале низ историјата, литературата, природните науки, случај со корона вирусот и вакцините, како и манипулација со цифри и статистички податоци, со цел остварување одредено влијание, било политичко со влијание на мислење и ставови, на пазарот преку влијание на цени, осварување профит, сè тоа проследено со бројни илустративни примери.