ЈАВЕН ОГЛАС – ПОКАНА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ

ЈАВЕН ОГЛАС – ПОКАНА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ

1. Договорен орган

            назив: Општинско средно училиште „Св.Климент Охридски“ – Охрид

            адреса: ул.Димитар Влахов бр.71, 6000 Охрид

            интернет адреса: http://gimnazijaohrid.edu.mk/

            контакт: тел.046 262217 е-пошта mail@gimnazijaohrid.edu.mk

2. Oпис на услугата

– Екскурзија со учениците од IV година во учебната 2022/2023 год. во Чешка со посета на Будимпешта, Прага, Дрезден и Виена во периодот последна седмица од oктомври 2022 год.

3. Минималните услови кои треба да ги исполни понудувачот и документите кои треба да ги достави како доказ за исполнување на условите се наведени во тендерската документација составен дел на овој оглас, која може да се подигне лично кај секретарот на училиштето или да се преземе од ТУКА

4. Критериум за избор на најповолна понуда е најниската цена.

5. Рок, место и начин на доставување на понудите

            Понудата и целокупната придружна документација се доставува до ОСУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид ул.Димитар Влахов бр.71, 6000 Охрид во одвоени затворени пликови со назнака „Понуда по јавен оглас за екскурзија со учениците од IV година“ и забелешка „не отварај“, во рок од 5 (пет) работни дена од денот на објавување на огласот.          

ОСУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид