
Во Центарот на култура „Григор Прличев“- Охрид , УСАИД ја започна кампањата за одбележување на 30-годишнината од партнерство во земјава. Мотото на патувачкиот карван е „Инспирирај се за иднината”. И нашата Гимназија беше дел од овие активности со учество на модната ревија „Рециклирана убавина“, чии креатори се средношколци од текстилните училишта во земјава.




