
Вчера, учениците од нашата Гимназија беа во посета на Националната опера и балет и имаа извонредна прилика да присуствуваат на изведбата на две балетски претстави „ШЕХЕРЕЗАДА“ од Николај Римски Корсаков и „ВАЛПУРГИСКА НОЌ“ од Шарл Гуно. На претставите настапија првенци, истакнати солисти, солисти, балетскиот ансамбл на Националната опера и балет и Државната опера Варна, Р. Бугарија. И во иднина ќе продолжи соработката на нашето училиште со оваа национална институција така што учениците ќе имаат можност да посетат претстави што се поставени на репертоарот на оваа национална куќа.



